Почитувани новозапишани студенти,
Би сакале да ве информираме дека Универзитет Американ Колеџ Скопје организира подготвителна настава за студентите кои ќе се запишат на студиските програми на Универзитетот во академската 2017/2018 година.
Во периодот од 5-ти до 15-ти септември 2017 година, ќе имате можност да ги посетувате настава по следните предмети:
- Англиски јазик (настава наменета за студенти кои се запишуваат на студиски програми на англиски јазик);
- Математика (настава наменета за студенти кои се запишуваат на студиските програми на Факултетот за деловна економија и организациони науки, Факултетот за архитектура и дизајн и Факултетот за компјутерска техника и информатика);
- Цртање (настава наменета за студенти кои се запишуваат на студиските програми на Факултетот за архитектура и дизајн);
- Информатика (настава наменета за студенти кои се запишуваат на студиските програми на Факултетот за компјутерска техника и информатика).
Распоредот за подготвителна настава е достапен на следниот . Со почит,
Универзитет Американ Колеџ Скопје