На 27 јуни 2017 година, во Битола, се одржа јавна дискусија на тема „Како до квалитетна публика?“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола. Во рамки на дискусијата, д-р Иван Додовски, вонреден професор на УАКС, беше поканет како главен гостин да ги изложи резултатите од неговото истражување „Публиката гледа – предизвиците за развој на публика кај независната културна сцена во Босна и Херцеговина, Македонија и Србија“, кое го спроведе заедно со д-р Горан Томка од Србија и Аида Везиќ од Босна и Херцеговина.
Нивниот труд содржи заклучоци и препораки развиени врз основа на серија јавни дискусии во фокус групи одржани во Битола, Белград и Мостар во ноември и декември 2016 година, во кои учествуваа претставници на културни организации и уметнички групи од трите земји.
Во дискусијата за резултатите од ова истражување во Битола учествуваат и Владимир Лазовски, заменик-министер за култура на Република Македонија, Петрит Сарачини од Министерството за култура на Република Македонија и Маја Ангеловска од Младинскиот културен центар во Битола.