ЗБОГУВАЊЕ СО ВРВЕН ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ И ПРИЈАТЕЛ НА УНИВЕРЗИТЕТ АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ
м-р Зденка Николовска (1966-2024)
На 26 јануари 2024 година (петок), на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, 4ти кат, во Амфитеатар 1, од 13:00 часот
ќе се одржи комеморација по повод прераната смрт на м-р Зденка Николовска, поранешен вработен, долгогодишен соработник и пријател на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со:
- Обраќање на Ректорот на УАКС
- Обраќање на претставник од Yes програмата
Во присуство на членовите на семејството и блиски пријатели, членовите на Сенатот, Ректорот на УАКС и колегите од Универзитетот, ќе биде предадена книгата на жалост на семејството на м-р Зденка Николовска.
Ве покануваме да ѝ оддадеме последна почит на нашата драга колешка и пријателка.