Драги студенти,
Стопанска банка АД Скопје како партнер од доверба на своите клиенти кој стреми кон нивен растеж задоволувајќи ги нивните потреби на лесен и брз начин, особена важност придава кон создавање на позитивно работно окружување на своите вработени.
За да станете дел од тимот на СТБ потребно е да сте дипломирани или пред крај со дипломски или после дипломски студии, со желба за градење кариера во банкарскиот сектор и идентификување со банката лидер на нашиот пазар.
Доколку се сметате себеси за амбициозна , мотивирана личност, проактивна и енергична, одличен тимски играч со способност за делување индивидуално кога ќе се укаже прилика, Ве покануваме да им испратите Ваша биографија на human.resources@stb.com.mk со цел шанса за вработување во една од најголемите банки во земјата. Со среќа!