На 6ти февруари, студентите на Факултетот за деловна економија кои го слушаат предметот јавни финансии учествуваа на Регионалниот форум за скриена економија. Форумот беше во организација на Центарот за истражување и креирање политики, и вклучуваше презентација на извештај за скриената економија во три земји од регионот (Македонија, Албанија и Косово). Студентите активно учствуваа на работилницата за развивање на мерки за формалзиација и намалување на неформалната економија во Македонија. Проф. Мојсоска-Блажевски бш заедно со студентите и имаше воведен говор на работилницата, презентирајќи ги нејзините наоди како експерт во подготовка на националната Стратегија за формализација на неформалната економија.