Студенти од Факултетот за политички науки при УАКС ја посетија Мисијата на ОСЦЕ во Скопје како дел од предметната програма која ја предава проф. Марина Андева. Тие беа добредојдени од страна на предводникот на мисијата - амбасадорката Нина Суомалаинен, како и г-а Алекс Мартин (Политички соработник) и г-а Сара Барбиери (Виш соработник за демократско управување и социјална кохезија) Студентите научија многу од оваа неформална средба и воедно покажаа голем интерес за актуелни прашања од областа на меѓународните односи.