На 27 април (чеврток) 2017 година, студентите на Факултетот за правни науки при УАКС, кои посетуваат настава по предмети кај проф. д-р Зоран Шапуриќ и доц. д-р Марина Андева, ја посетија Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).
Студентите имаа можност да се запознаат со работата на ЗЕЛС и да стекнат повеќе знаења за развојот на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.
Директорката, г-ѓа Душица Перишиќ ги презентираше активностите на ЗЕЛС кои се насочени кон подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.
ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација во која доброволно членуваат сите општини во Република Македонија.