На 9 октомври 2017 година (понеделник), студентите на студиската насока 'Финансии' на Факултетот за деловна економија и организациони науки, беа во посета на Министерството за финансии на Република Македонија, притоа учејчи за неговата функција, како и за најголемите внатрешни активности.
Тие остварија средба со многу претставници од различни сектори на министерството, кои им појаснија за активностите на кои најмногу се фокусира оваа институција, и одговорија на сите прашања кои ги поставија студентите.
Агендата за посетата беше следната:
11:30 – Пристигнување на студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје 11:30-11:45 – Обиколка на сектор Буџет (задолжен за обиколка: Тоше Пановски) 11:45-12:00 – Обиколка на сектор Трезор (задолжен: Лилјана Ѓуровска) 12:00-12:05 – Поздравно обраќање од Министерот за финансии, Драган Тевдовски 12:05-12:35 – Презентација за Министерството за финансии (Дебатна сала на 9-ти кат) Функции на Министерството за финансии (општо) – Јована Аврамовска, портпарол на Министерството за финансии Финансиски систем – Иван Недев Буџет – Аница Ивановска Трезор –Биљана Јаневска Јавен долг – Рената Давиткова 12:35-13:00 – Сесија за прашања и одговори