На 20 ноември 2017, студентите од Факултетот за странски јазици при УАКС кои слушаат настава по предметот 'Француски јазик' со доц. д-р Ивана Трајаноска-Стефановиќ, присуствуваа на промоцијата на романот на Давид Фоенкинос, насловен „Деликатност“ (La délicatesse), кој е преведен на македонски јазик.
Настанот се одржа во Францускиот институт во Скопје.
Давид Фоенкинос е француски автор и сценарист. Неговиот роман „Деликатност“ (La délicatesse) е бестселер во Франција, со повеќе од еден милион продадени копии. Филмот снимен по сценариото кое се заснова на романот беше издаден во 2011 година, а Одри Туту ја толкува лавната улога. Во 2014 година, тој ја доби престижната книжевна награда 'Prix Renaudot' (Ренодо) 2014 за неговиот роман „Шарлота“.