На 24 февруари 2017 година, студентите по психологија на УАКС, кои следат настава по предметот когнитивна психологија со експертот од практика, м-р Димитринка Јорданова-Пешевска, докторант, беа во посета на Геријатриското одделение при ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“.
Студентите имаа можност да учествуваат во дискусија водена од проф. д-р Роза Крстевска, психијатар, и да стекнат повеќе информации за специфичните видови на психогеријатриски нарушувања. Исто така, тие учествува во кратко интервју со пациентите.