На 14 декември 2017 година, во рамки на предметот Финансиско сметководство, се одржа тимски натпревар во просториите на УАКС. Студентите се од насоките финансии и сметководство и ревизија. Натпреварот по финансиско сметководство веќе традиционално се одржува по трет пат.
Под менторство на доц. д-р Душица Стевчевска-Србиноска, студентите изработија проекти со кои беше опфатена воведна маркетинг, како и финансиска анализа на македонската кондиторска индустрија. Клучни претпријатија за споредба беа Европа АД Скопје и Витаминка АД Прилеп. Анализата наложи примена на алатките кои студените ги имаат изучено во доменот на сметководство, со цел интерпретација на финансиски податоци од годишните извештаи и препораки за унапредување на работењето на друштвата.
Презентацијата беше поддржана од Европа АД Скопје, преку нивно активно учество во комисијата за оценка заедно со доц. д-р Снежана Христова и доц. д-р Душица Стевчевска-Србинсока, но и награди за победниците и учесниците на натпреварот.
Европа АД Скопје е најстара фабрика за кондиторски производи на Балканот со вкупно годишно производство од 5,000 тона и богато производно портфолио достапно во 19 земји на Балканот и пошироко.
На презентацијата присуствуваа и гости од приватното средно училиште „САБА“ од Скопје.