Минатиот петок, на 8.7.2022 г., во просториите на Мајорел Македонија се потпиша меморандум за соработка од страна на Елена Мановска, Генерaлeн Менаџер на Мајорел Северна Македонија и Сандра Грујевска од Деловниот Совет на УАКС.
Соработката го означи почетокот на заедничкото делување кон обезбедување одлични кариерни можности и професионален развој на младите во Македонија. Овој меморандум ќе делува во областа на усовршување на студентите и нивен професионален раст и развој.
„Насочени сме кон обезбедување интернационалана кариера за младите во Македонија, за да не мора да ги бараат можностите во странство. Во рамките на Мајорел, креираме можности за кариерен раст и развој на локално, но и на интернационално ниво. Делувајќи заедно со Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе им го овозможиме најдоброто на студентите - квалитетно образование и работни можности каде може да го применат и да го усовршат своето знаење, а истовремено да станат конкурентни и на интернационалениот пазар на труд.“ – изјави Елена Мановска, Генерален Менаџер на Мајорел.

Како претставници на Мајорел, на средбата присуствуваа и Александра Аргир, Менаџер за човечки ресурси, Маја Трајкова, Маркетинг специјалист и Александра Созовска, финансов директор, како и претставници на УАКС – Александра Симова Клинчарова, Координатор за Маркетинг и Корпоративни Комуникации и Димче Мицевски, Координатори за ПР и Маркетинг.
На средбата се разговараше за идните заеднички активности и беше потпишан Договор за членство на Мајорел Македонија во Деловниот Совет на УАКС што ќе овозможи дополнителна размена на искуства и знаења помеѓу двете институции.