Генералното собрание на Американската стопанска комора во Македонија беше одржано денес, 30 октомври 2018 година, во хотелот Александар палас, каде што членовите на оваа комора имаа можност да гласаат помеѓу 9-те номинирани кандидати, со цел да ги одберат новите членови на Управниот одбор.
Ни претставува особена чест и задоволство да ве известиме дека нашиот проректор за научно-истражувачка работа, вон. проф. д-р Марјан Петрески, е новоназначениот член на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Македонија.
Му посакуваме многу успех во оваа нова улога во неговата кариера!