ЖИКОЛ објавува повик за практична работа за студентите од сите Факултетски единици при УАКС.
Главна вредност на нашата организација е тимот кој што е составен од професионални и морални луѓе, технички припремени на високо ниво, и избалансиран спој на искусни со млади, амбициозни и енергични инженери, дизајнери, економисти, правници итн.
Ова ни даде можност да изминативе години генерално работиме на сериозни проекти во инфраструктура, станбени објекти, индустриски објекти и сл.
Во моментов делувањето ни е поделено во неколку сегменти и во секој нив може да се најде место за амбициозни студенти кои би сакале да стекнат пракса.
Тие сегменти се:
- Градежна оператива која ни е ангажирана на проекти од нискоградба, високоградба и инфраструктура. Тука можностите се најразновидни и може да дадат најголема вредност за студентите.
- Формиравме нова работна единица за дизајн, изработка и монтажа на комплетни ентериерни уредувања.
- Акредитирана лабораторија за испитувања во градежништво.
- Проектна единица која работи на изработка на техничка документација за наши проекти кои треба да ги развиваме.
Студентите кои се заинтересирани треба да достават кратка биографија (CV) на e-mail: branislav.gjorgjievski@zikol.com.mk- Бранислав Ѓорѓиевски Д.И.А, Раководител на оператива – Скопје / Head of construction activities -Skopje