Еден ден со…Стефан Младеноски, студент на УАКС Двојна диплома програмата со Универзитетот во Рим, Тор Вергата
Еден ден со…
Слика број 1. Сликата е сликана во еден од локалните ресторани во населбата Трастевере каде што најчесто излегуваат младите на по некоја пијачка и добра храна. Сликана е за време на првиот семестар со цел да се прослави за положените испити.
Слика број 2. Фотографија направена на почетокот на вториот семестар во еден ресторан за брза храна кој се наоѓа блиску до Факултетот „Тор Вергата“ и студентскиот дом „ Campus Х“ имено најчесто го посетуваме за време на викендот бидејки во негова близина се наоѓа супермаркет и мал шопинг центар.
Слика број 3. На оваа слика можете да забележите дека сум со мојот пријател од Скопје со кој станавме нераздвојни одкако се преселивме во Рим и одкако ја започнавме нашата авантура – Двојна диплома програмата од УАКС.
Слика број 4. Оваа фотографија е направена за време на прошетка околу кампусот со моите колеги и пријатели со цел да се види колку е убаво зајдисонцето во Рим и во Италија.
Слика број 5. Оваа слика е сликана за време на испитната сесија во Јануари како доказ да не се мисли дека само ќе шетаме во Рим туку и си ги завршуваме нашите обврски поврзани со нашите студии.
Слика број 6. На оваа слика можеме да ја видиме катедралата San Pietrio која претставува исто така и палата на Римскиот Папа, и е заобиколена со ѕидини кои се чувани од страна на Швајцарската стража бидејки на италијанската војска не и е дозволено да влегува во самата држава.
Слика број 7. На оваа фотографија можеме да го видиме нашиот факултет однадвор за време на викенд бидејќи секојдневно поминуваме покрај него кога се движиме према центарот на Рим.
Слика број 8. На оваа фотографија можеме да видиме како изгледа една културно историска прошетка во еден од најубавите градови во Европа па можеби и светот, во центарот се гледа еден од обеликсовите кои се донесени во Рим, а специфично за нив е тоа дека секој пат кога ќе се роди дете во Рим тој светнува.
Слика број 9. На оваа фотографија имаме можност да ја видиме фонтаната „Di Trevi“ која ја посетуваме редовно бидејќи според народната легенда се тврди дека таа исполнува желби, а секако сите студенти имаат желба да го положат испитот кој тие го пријавиле.
Запишете се и Вие на програмата за Двојна диплома со Универзитетот во Рим, Тор Вергата, и добијте две акредитирани и меѓународно признаени дипломи!