|

Огласи за Народна Банка

Народната банка на Република Северна Македонија, денеска (01 ноември 2023 година-среда), во дневните весници „Коха“ и „Слободен печат“, објави оглас за вработување на 6 извршители на определено време, и тоа:

–      1 извршител на работното место „помлад супервизор почетен II степен“ во Дирекцијата за теренска супервизија во траење од 1 година;

–      2 извршители во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, од кои 1 извршител на работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Отсекот за емисионо сметководство и 1 извршител на работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Рефератот за финансиско и материјално сметководство во Отсекот за финансиско – материјални и пресметковни работи, на определено време во траење од 2 години;

–      1 извршител на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за апликации, на определено време во траење од 2 години;

–      1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи во Дирекцијата за ИТ инфраструктура на определено време во траење од 2 години и

–      1 извршител на работното место „хигиеничар почетен степен“ во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, на определено време во траење од 1 година.

Рокот за пријавување на кандидати ќе трае заклучно со 10 ноември 2023 година.

 

Оглас Народна Банка  

Similar Posts