Факултет за компјутерска техника и информатика

Постдипломски студии- Насока: Менаџмент на информациски системи

Што го прави ФКТИ водечки факултет во Р. Македонија?

Факултет за компјутерска техника и информатика (ФКТИ) е еден од водечките за информатичка технологија во Р. Македонија. Наставата се одвива на англиски јазик.

Факултет за компјутерска техника и информатика ви нуди две насоки:

  • Софтверско инженерство
  • Менаџмент на информациски системи

Единствено во Македонија – насоката Менаџмент на информациски системи е акредитирана од Советот за акредитаија на бизнис факултети и програми (ACBSP)

 

  • ФКТИ го зазема првото место во Р. Македонија за научен труд кој што е платено превземан од Интернет .
  • Само во последните две години професорите и стдентите на ФКТИ имаат објавено повеќе од 17 научни и стручни труда, коишто се публикувани во меѓународни списанија или презентирани на конференции. Од нив два научни труда имаат добиено импакт фактор!
  • ФКТИ има добиено признание од страна на Министерството за образование и наука на Р. Македонија за труд објавен во списание со импакт фактор.

 

Преку 10 професори и соработници секојдневно работат со студентите на ФКТИ со цел да посветат внимание на секој студент поединечно, да ги развијат неговите/нејзините афинитети и да ги насочат да се развиваат во посакуваната област
ФКТИ редовно ангажира професори и експерти кои го завршиле своето образование или тековно работат во други европски земји и САД, со цел студентите да добијат побогато искуство и работна комуникацијасо институции надвор од границите на Македонија.
Соодносот студент/професор на ФКТИ изнесува 10:1, сооднос кој што овозможува индивидуална работа со студентите.

  • Вон. проф. д-р Адријан Божиновски – Декан на факултетот за компјутерска техника и информатика.
  • Проф. д-р Ѓорѓи Јованчевски– Министерство за образование на Р. Македонија
  • Вон. проф. д-р Вено Пачовски – Професор на УАКС
  • Доц. д-р Билјана Стојчевска – Министерство за одбрана на Р. Македонија
  • Д-р Хари Локвенец– Професор на УАКС
  • М-р Ивана Стојановска – докторант на Факултетот за компјутерска техника и информатика на УАКС
  • Надворешни соработници:

  • М-р Симон Бојаџиевски – OneVip Телеком
  • Наташа Анастасова Бојаџиевска – сертифициран инструктор за ECDL
  • М-р Златко Ивановски – Асистент на УАКС
  • М-р Марјан Таневски – Асистент на УАКС, ИТ Гама
  • Д-р Стево Божиновски – предава на Државниот универзитет на Јужна Каролина, САД

Студентите на ФКТИ работат во мали групи. ФКТИ посветува особено внимание на напредните области во Информатичката технологија и наука како што се:

  • Работика
  • Биомедицинска техника
  • Процесирање на биосигнали
  • Бази на податоци
  • Обработка на јазици

Наставата се изведува на англиски јазик, преку употреба на најсовремени учебници и наставни материјали од реновирани универзитети, студии на случај и практична примена на теоријата. Студентите на ФКТИ ги развивааат своите презентациски вештини и воедно го усовршуваат користењето на англискиот јазик во професионалната комуникација. Освен тоа се поттикнува тимската работа , работата во групи и споделувањето на искуства.

Можностите за вработување во најбрзорастечката индустрија во светот се неограничени! Дел од професиите кои бараат ИТ квалификации вклучуваат:

  • ИТ инженери
  • Програмери, одржување на системи, развој на апликации и сл. Во ИТ компании во Македонија и светот.
  • Програмери и одржување на системии слично во државни институции
  • Развој на софтвер во домашни и странски компании
  • Основање сопствена компанија и развивање на бизнис во ИТ индустријата.

За наставната програма

Наставната програма е дизајнирана на начин кој овозможува поттикнување на индивидуална и тимска работа. По завршувањето на постдипломските студии, секој студент ќе се стекне со следните вештини и знаења:

  • Познавање, апликација и работа со следните технологии: C++, Java, C#, asp.net, PHP, JQuery, HTML, XML, SQL, Linux.
  • Познавање во областа на софтверското инженерство, архитектура на компјутерски системи, системски апликацации и програми.
  • Детално познавање на office aлатките, особено до европско ниво на писменост (е-citizen) во согласност со законската регулатива во Р. Македонија.

 

Академска програма

Насока: Софтверско инженерство

Четврта година (специјалистички студии)

Задолжителни предмети

  1. Напредна организација на бази на податоци
  2. Безбедност на информациски системи
  3. Изборен предмет на ниво на факултет
  4. Изборен предмет на ниво на универзитет
  5. Операциски истражувања
  6. Операциски и проект менаџмент на информациски системи
  7. Бизнис модул 4
  8. Специјалистички труд
  9. Практична работа

 

Листа на изборни предмети

  1. Операциски и проект менаџмент
  2. Системи за прибирање информации
  3. Информационо – Економски менаџмент
  4. Информациски вештини и истражување
  5. Вовед во методологија
  6. Претприемништво

 

 

Петта година

Задолжителни предмети

  1. Менаџмент на информациски системи
  2. Изборен предмет на ниво на факултет
  3. Изборен предмет на ниво на факултет
  4. Изборен предмет на ниво на факултет
  5. Изборен предмет на ниво на универзитет
  6. Магистерски труд

 

Листа на изброрни предмети

  1. Вовед во менаџмент на човечки ресурси
  2. Трансфер на технологија
  3. Вовед во електронски бизнис
  4. Широкопојасни компјутерски мрежи
  5. Проектен менаџмент
  6. Криптографија

Листа на слободни изборни предмети на ниво на универзитет

  1. Научно истражување и критичко размислување
  2. Квалитативни истражувања
  3. Деловен англиски јазик