На 19.5.2010 г., проф. д-р Биро Гашпар кој претходно беше ректор на УАКС, беше прогласен за почесен професор на УАКС (Professor Honoris Causa). Д-р Гашпар беше професор по меѓународни односи на Институтот за политички науки и предаваше на Универзитетот Еотвос Лоранд во Будимпешта – Унгарија. Тој беше експерт – член на Комитетот за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Во периодот 1993-1998 г. работеше како специјален репортер на Комисијата за човекови права на Обединети нации за човековите права во Судан. Во периодот 1990-1991 г. бил директор во кабинетот на премиерот на Република Унгарија. Владата на Република Унгарија на 18 декември 1995 г. му доделила награда „За малцинства“ поради неговиот придонес за
заштита на правата на малцинствата и за подготовката на основниот концепт на „Актот за правата на националните и етничките малцинства“, кој е усвоен од Парламентот на Унгарија во 1993 година. Неговите студии за меѓународни односи, заштита на човековите права и правата на малцинствата се објавени од: Обединетите нации (Њујорк, 1994), Универзитетскиот институт за меѓународни високи студии (Женева, 1993) и на уште неколку реномирани институции во Шри Ланка (1997), Париз (1997 и 1999), Будимпешта (1999) и Лондон (2000).

На 22.8.2012 година, Проф.д-р Злат Миловановиќ , кој претходно беше проректор за развој и меѓународни односи на УАКС, беше избран за почесен професор на УАКС (Professor Honoris Causa). Проф. Миловановиќ се стекнал со докторат од областа на политичките науки и меѓународните односи на Универзитетот Темпл во САД и докторат од областа на јавно право на Универзитетот од Нанси во Франција. Предавал на Универзитетот Темпл и на Универзитетот Бостон, а како визитинг-професор држи предавања на Државниот колеџ во Гласборо, САД. Во периодот од 1992 до 2002 година, тој бил член на бордот и претседател на Комитетот за стратегиско планирање на Меѓународната школа во Стокхолм. Во периодот од 2003 до 2005 година бил заменик-шеф во Одделот за наркотици и внатрешни работи на Стејт департментот (NLEA) во Амбасадата на САД во Преторија, Јужноафриканска Република. Проф. Миловановќ изведувал наставна дејност на повеќе универзитети во светот, вклучувајќи ги: Универзитетот во Сиднеј, Универзитетот во Руанда, на
Американскиот одбранбен колеџ, Факултетот за право во Преторија, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Тој е автор на повеќе научни публикации во областа на правото на морето, улогата на жената во меѓународните односи, трговијата со луѓе, меѓународно-правната заштита на човековите права, меѓународното образование и др. Проф. Миловановиќ работел како истражувач на Институтот Делфи во Вашингтон (1983 – 1988) и бил вклучен во повеќе проекти. Член е на Американското друштво за меѓународно право (ASIL) и на Американската асоцијација за политички науки (APSA). Проф. Миловановиќ беше активно вклучен во процесот на меѓународна акредитација на УАКС и во повеќе значајни проекти, давајќи исклучителенпридонес и поддршка за развојот на високообразовната дејност на УАКС.

 

 

 

 

 

 

 

На 18.10.2013 година,Проф. Џереми Крипс , беше избран за почесен професор на УАКС.
Проф. Крипс има богато меѓународно професионално и големо консултантско искуство од областа на стратегиското планирање работејќи за голем број меѓународни компании. Тој има значајно меѓународно академско искуство. Во периодот 1983-2004 година работел како професор по сметководство и економија во Хајделберг Колеџ, Охајо, САД. Во периодот од 2004 до 2011 година работел како професор по сметководство и менаџмент во Американскиот универзитет во Кувајт, каде што бил и основач и раководител на Катедрата за бизнис и економија. Во периодот од 2011 до денес тој е ангажиран како хонорарен професор на Универзитетот во Ливерпул. На УАКС тој е ангажиран како визитинг-професор на програмата МБА на ФДЕИОН каде што ги предава предметите финанасиско сметководство, управувачко сметководство и менаџмент на човечки ресурси. Покрај академската работа, тој е ангажиран како оценувач на програми и ментор во Американското акредитациско тело ACBSP.

Jeremy_resized picture

 

 

 

 

 

 

 

 

На 25 септември, 2022 година, оваа титула ја добиваат проф. д-р Роберт Хадсон од University College London од Велика Британија и проф. д-р Лука Њан од универзитетот „Тор Вергата“ Рим, Италија.

Проф. д-р Роберт Хадсон е професор и научник од Велика Британија, кој работи во полето на европска историја и културна политика. Има служено во шест мисии на ОБСЕ, што му овозможува непроценливо искуство и увид во постконфликтните околности на кои им посветува внимание во неговите истражувања и во наставата. Во 1997 година станува еден од основачите на HumanitarianNet, научна мрежа на Европската унија за истражување на мирот и конфликтите, а во 2018 година придонесува во развојот на ENTAN – Европската мрежа за нетериторијална автономија, финансирана од Европската Унија, и ги истражува прашањата на малцинствата и аранжманите за нетериторијална автономија. Хадсон во 1995 година станува Жан Моне научник на Европската унија, во 1996 година станува член на Кралското друштво на уметностите, а во 2005 година е одликуван од Универзитетот во Дарби со академски сертификат за извонредност во науката. Професорот Роберт Хадсон објавил над сто публикации, вклучувајќи 16 приредени и коавторски книги.

 

 

Проф. д-р Лука Њан е професор и научник од Италија од областа на бизнис администрација. Во својата долгогодишна кариера, проф. д-р Лука Њан предавал на Универзитетот Бокони во Милано, а од 2005 година и на Универзитетот Тор Вергата, каде што е професор по организациско однесување. Проф. д-р Лука Њан е поранешен претседател на Европската академија за менаџмент (ЕУРАМ), член на Централниот комитет за евалуација на Универзитетот Тор Вергата и член на одборот на Тор Вергата Светскиот Универзитет, како и во Извршниот комитет за етика во образованието на АОМ (Академија за менаџмент). Тој е претставник на дивизијата на AOM БПС за Европа, Оддел за истражување на AOM ОМТ, заменик-претседател и извршен директор на Европската академија за менаџмент, член на одборот за рецензија на Конференцијата за истражување на семејни претпријатија, Конвентор на Европската група на организациони студии и Претседавач со Студии за критички менаџмент. Њан е член на научниот комитет на мастер програмата по интернационализација „CorCE Fausto De Franceschi“ на Италијанскиот меѓународен трговски институт, а неговата улога е во делот на стратегија и организација. Проф. д-р Лука Њан е главен уредник на Меѓународниот весник за транзиција и иновации и е помошник уредник на различни списанија. Тој е автор на повеќе научни публикации на теми поврзани со управувањето со семејните бизниси, корпоративното и јавното управување.