Драги кандидати,

Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитет Американ Колеџ Скопје денес го распишува новиот Конкурс за стипендии.

Оваа година, ќе бидат доделени пет стипендии за додипломски студии на УАКС за учебната 2023/2024 г. Кандидатите може да изберат од следните студиски програми:

Факултет за деловна економија и организациони науки
Факултет за архитектура и дизајн
Факултет за компјутерска техника и информатика
Факултет за политички науки

·        Катедра за Меѓународно деловно право

·         Катедра за Психологија

Факултет за странски јазици

За условите, документите, бодувањето и процесот на селекција, погледнете го интегралниот текст на Конкурсот.

Аплицирајте веднаш и подгответе се да станете горд студент на Универзитет Американ Колеџ Скопје!