Мисија:

„Ние едуцираме, советуваме и градиме мрежа, посветена на давање помош на студентите, за да можат да ги остварат своите кариерни цели“

Ние образуваме, советуваме и градиме мрежа која им помага и на студентите и на оние кои веќе се стекнале со диплома на УАКС да ги достигнат своите цели.
Ние го посветуваме нашето знаење за да му помогнеме на секој студент да ги оствари професионалните амбиции кон кои се стреми. Поплочувајќи го патот до успехот, ние им нудиме на нашите студенти можности за практична работа во најдобрите домашни и меѓународни компании која им нуди и можност за вработување.
Мисијата на Центарот за кариера на УАКС е да го подржи УАКС и да послужи како мост помеѓу она што студентите го учат и примената на тоа знаење во праксата. Со цел да ја постигнеме нашата мисија, Центарот за кариера им помага на студентите преку широк спектар на активности вклучувајќи:
  • Градење силни и трајни врски со работодавачите и заедницата заради обезбедување можности за градење кариера
  • Овозможување пракса и можности за работа на студентите
  • Советодавна улога за кариерно напредување
  • Помош и советување за стратегии за барање работа
  • Организирање тренинзи и семинари за развивање на меките вештини кај студентите
  • Организирање Саем за кариера
Контакт:
Сандра Грујевска, Раководител на Центар за кариера
Адреса: Трета Македонска Бригада бр. 60, 1000 Скопје, Република Македонија
тел: +3892/2463 – 156
мобилен: +38978 455 – 149
E-mail: sandra.grujevska@uacs.edu.mk