Aкредитирани ментори на докторски студии

Докторска програма по Економија

Проф. д-р Марјан Петрески
Професор по применета економија. Добитник на Награда за најдобар труд во макроекономијата од Австриската Централна Банка.

Области за менторирање:  економски раст, монетарни стратегии и режими на девизниот курс, проблеми на пазарот на труд, родов јаз во платите.

Проф. д-р Томе Неновски
Професор по макроекономија. Добитник на државната награда „23 Октомври“ и поранешен вицегувернер на Народна банка на Република Северна Македонија.

Области за менторирање: управување со ризици во банкарското работење; странски директни инвестиции; фискален федерализам; ефикасно и праведно оданочување.

Проф. д-р Евица Делова Јолевска
Професор по банкарство. Генерален директор на вонтеренска супервизија при Народна банка на Република Северна Македонија.

Области за менторирање: банкарство; управување со банкарските ризици; корпоративно управување во банките.

Проф. д-р Анета Крстевска
Професор по макроекономија и банкарство. Главен економист на Народната банка на Република Северна Македонија.

Области за менторирање: монетарни стратегии; инструменти и трансмисија; банкарски ризици и перформанси; финасиски пазари; ЕУ интеграција.

Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски
Професор по економија на трудот. Добитник на Награда за најдобар труд во макроекономијата од Народна банка на Република Северна Македонија.

Области за менторирање:  пазар на труд; образование и човечки капитал; неформална економија и даночна евазија; странски директни инвестиции и економски раст.

Проф. д-р Игор Величковски
Професор по применета економија. Добитник на Награда за најдобар труд во макроекономијата од Народната банка на Србија.

Области за менторирање: монетарни стратегии и режими на девизниот курс, платни системи, финансиски пазари.

Докторска програма по Бизнис администрација

Проф. д-р Марјан И. Бојаџиев
Професор по организациско однесување. Поранешен директор на компании во финансискиотсектор и добитник на наградата „Професор на годината“ за регионот 8, доделена од Американскиот совет за деловни школи и програми (ACBSP).

Области за менторирање: Организациско однесување; Теории и мерење на организациска усогласеност; Лидерство и лидерски стилови.

Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски
Професор по економија на трудот. Добитник на Награда за најдобар труд во макроекономијата од Народна банка на Република Македонија.

Области за менторирање: задоволство од работа; обрт и задржување работници; корпоративен раст, корупција и деловно окружување.

Проф. д-р Ана Томовска Мисоска
Професор по менаџмент и психологија.

Области за менторирање:  менаџмент со човекови ресурси; образование и човечки капитал; психологија.

Вон. проф. д-р Снежана Христова
Професор по старегиски менаџмент

Области за менторирање:

Вон. проф. д-р Димитар Ковачевски
Професор по маркетинг

Области за менторирање:

Докторска програма по Деловно право

Проф. д-р Марко Андонов
Професор по деловно право. Предавач на Академијата за судии и обвинители.

Области за менторирање: регулаторни предизвици на пазарот на капитал; преземање акционерски друштва; развојни тенденции на англо-американскиот и континенталниот систем на корпоративно
управување

Вон. проф. д-р Зоран Михајлоски
Професор по трудово право. Поранешен уставен судија.

Области за менторирање: правно позиционирање на менаџментот; антидискриминаторското законодавство и сферата на работните односи; регулација на слободно движење на работниците.

Проф. Катерина Колозова
Професор по Филозофија.
Област за менторирање: Филозофија на Правото.
Прифатени теми за изработка на докторски трудови
Одбранети докторски трудови