Врз основа на член 64, и 123 и член 131 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2008; 103/2008; 26/2009; 83/2009; 99/2009; 115/2010; 17/2011; 51/2011; 123/2012; 15/2013; 24/2013; 41/2014; 116/2014; 130/2014; 10/2015; 20/2015; 98/2015; 145/2015, 154/2015, 30/2016 и 120/2016), Деканите на Факултетот за деловна економија и организациони науки, Факултетот за странски јазици и Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Скопје објавуваат

К О Н К У Р С

за  избор на наставници во сите наставно-научни и наставно-стручни звања

  1. Факултетот за деловна економија и организациони науки:
    • еден наставник во сите наставно-научни звања по група предмети од областа на финансии
    • еден наставник во сите наставно-научни звања по група предмети од областа на организациони науки и управување (менаџмент)
  1. Факултет за странски јазици:
    • еден виш лектор по англиски јазик
  2. Факултет за архитектура и дизајн:
    • два наставници во сите наставно-научни звања по група предмети од областа на архитектура, урбанизам и планирање
    • еден наставник во сите наставно-научни звања по група предмети од областа на ликовна уметност.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите од член 125 и 126, од Законот за високо образование (Сл.весник на РМ бр.35/2008, со измените). Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават во копија следните документи:

  • Копија од уверение и диплома за завршен прв циклус студии (заверена на нотар)
  • Копија од уверение и диплома за завршен втор циклус студии (заверена на нотар)
  • Копија од Уверение и диплома за завршен трет циклус студии (заверена на нотар)
  • Кратка биографија
  • Потврда за познавање на странски јазик
  • Листа и копии од објавени научни трудови (во електронска и печатена форма)
  • Уверение за државјанство (заверено на нотар)

Доколу образованието е завршено во странство, се доставува и копија заверена на нотар од решение за нострификација на високообразовната квалификација од Министерство за образование и наука на РМ. Потребните документи да се достават во рок од 8 дена од денот на објавување на конкурсот, на адреса ул. Трета Македонска бригада бр.60 Скопје или електронски на info@uacs.edu.mk. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земат на разгледување.

Универзитет Американ Колеџ Скопје