На 19.5.2010 г., проф. д-р Биро Гашпар кој претходно беше ректор на УАКС, беше прогласен за почесен професор на УАКС (Professor Honoris Causa). Д-р Гашпар беше професор по меѓународни односи на Институтот за политички науки и предаваше на Универзитетот Еотвос Лоранд во Будимпешта – Унгарија. Тој беше експерт – член на Комитетот за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Во периодот 1993-1998 г. работеше како специјален репортер на Комисијата за човекови права на Обединети нации за човековите права во Судан. Во периодот 1990-1991 г. бил директор во кабинетот на премиерот на Република Унгарија. Владата на Република Унгарија на 18 декември 1995 г. му доделила награда „За малцинства“ поради неговиот придонес за
заштита на правата на малцинствата и за подготовката на основниот концепт на „Актот за правата на националните и етничките малцинства“, кој е усвоен од Парламентот на Унгарија во 1993 година. Неговите студии за меѓународни односи, заштита на човековите права и правата на малцинствата се објавени од: Обединетите нации (Њујорк, 1994), Универзитетскиот институт за меѓународни високи студии (Женева, 1993) и на уште неколку реномирани институции во Шри Ланка (1997), Париз (1997 и 1999), Будимпешта (1999) и Лондон (2000).

 

На 22.8.2012 година, Проф.д-р Злат Миловановиќ , кој претходно беше проректор за развој и меѓународни односи на УАКС, беше избран за почесен професор на УАКС (Professor Honoris Causa). Проф. Миловановиќ се стекнал со докторат од областа на политичките науки и меѓународните односи на Универзитетот Темпл во САД и докторат од областа на јавно право на Универзитетот од Нанси во Франција. Предавал на Универзитетот Темпл и на Универзитетот Бостон, а како визитинг-професор држи предавања на Државниот колеџ во Гласборо, САД. Во периодот од 1992 до 2002 година, тој бил член на бордот и претседател на Комитетот за стратегиско планирање на Меѓународната школа во Стокхолм. Во периодот од 2003 до 2005 година бил заменик-шеф во Одделот за наркотици и внатрешни работи на Стејт департментот (NLEA) во Амбасадата на САД во Преторија, Јужноафриканска Република. Проф. Миловановќ изведувал наставна дејност на повеќе универзитети во светот, вклучувајќи ги: Универзитетот во Сиднеј, Универзитетот во Руанда, на
Американскиот одбранбен колеџ, Факултетот за право во Преторија, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Тој е автор на повеќе научни публикации во областа на правото на морето, улогата на жената во меѓународните односи, трговијата со луѓе, меѓународно-правната заштита на човековите права, меѓународното образование и др. Проф. Миловановиќ работел како истражувач на Институтот Делфи во Вашингтон (1983 – 1988) и бил вклучен во повеќе проекти. Член е на Американското друштво за меѓународно право (ASIL) и на Американската асоцијација за политички науки (APSA). Проф. Миловановиќ беше активно вклучен во процесот на меѓународна акредитација на УАКС и во повеќе значајни проекти, давајќи исклучителенпридонес и поддршка за развојот на високообразовната дејност на УАКС.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 18.10.2013 година,Проф. Џереми Крипс , беше избран за почесен професор на УАКС.
Проф. Крипс има богато меѓународно професионално и големо консултантско искуство од областа на стратегиското планирање работејќи за голем број меѓународни компании. Тој има значајно меѓународно академско искуство. Во периодот 1983-2004 година работел како професор по сметководство и економија во Хајделберг Колеџ, Охајо, САД. Во периодот од 2004 до 2011 година работел како професор по сметководство и менаџмент во Американскиот универзитет во Кувајт, каде што бил и основач и раководител на Катедрата за бизнис и економија. Во периодот од 2011 до денес тој е ангажиран како хонорарен професор на Универзитетот во Ливерпул. На УАКС тој е ангажиран како визитинг-професор на програмата МБА на ФДЕИОН каде што ги предава предметите финанасиско сметководство, управувачко сметководство и менаџмент на човечки ресурси. Покрај академската работа, тој е ангажиран како оценувач на програми и ментор во Американското акредитациско тело ACBSP.

Jeremy_resized picture