Факултет за деловна економија и организациони науки
Додипломски студии – Насока: Финансии
Зошто ФДЕИОН е најдобар факултет за бизнис и економија во Република Македонија ?
- ФДЕИОН при УАКС е единствениот меѓународно акредитиран факултет во Република Македонија
- ФДЕИОН при УАКС има одлични наставници
- ФДЕИОН при УАКС ја применува најсовремената филозофија во наставата
- Сите програми кои ги нуди ФДЕИОН се акредитирани и од Советот за акредитација на бизнис факултети и програми од САД – ACBSP (Accreditation Council for Business Schools and Programs).
Факултетот за деловна економија и организациони науки (ФДЕИОН) при УАКС има преку 30 наставници кои се дел од академскиот кадар. Преку синтеза на нивното знаење и експертиза, на студентите им се нуди единствена можност да учат од најдобрите. Студентите на ФДЕИОН се поттикнуваат да размислуваатво насока на разрешување на најразлични проблеми од теоријата и практичната област. Знаењето и искуството на кадарот на ФДЕИОН им овозможува на студентите сеопфатен поглед на професијата и материјата која ја изучуваат. Освен тоа, ФДЕИОН во наставата вклучува и визитинг професори од САД или ЕУ, кои го збогатуваат знаењето на студентите со меѓународно искуство.
Студентите кои ќе се определат за насоката финансии, по завршувањето на студиите ќе ги разбираат и ќе знаат практично да ги применат финансиските, банкарските и сметководствените принципи и техники. Освен тоа, студентите ќе ги препознаваат и анализираат финансиските податоци и финансиските пазари и институции и ќе можат да носат основни инвестициски и финансиски одлуки. Тие ќе имаат познавања и на правната рамка во деловното работење.
Нашите наставници се истакнати стручњаци. Повеќето од нив се експерти со значителни достигнувања во својата област, кои својата експертиза ја надградиле со академски титули и одлучиле своето знаење да им го пренесат на идните генерации. Дел од академскиот кадар при ФДЕИОН го сочинуваат:
- Проф. д-р Томе Неновски, поранешен гувернер на НБРМ
- Проф. д-р Марјан Петрески (Народна банка на Република Македонијa – НБРМ);
- Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски (Министерство за финансии на РМ);
- М-р Еди Смокварски шеф на катедра сметководство и ревизија
Повеќемина наставници на ФДЕИОН своето образование или дел од него го стекнале на високо-рангирани меѓународни универзитети, и притоа тие применуваат меѓународни стандарди и практики во своето работење. Шеснаесет од нашите наставници поседуваат сертификат за користење на партиципативните методи (Participant-Centered Learning methods) за време на наставниот процес, и истите потекнуваат од Харвард бизнис-школата (Harvard Business School – HBS).
Горди сме на фактот што наставата на додипломски студии на ФДЕИОН при УАКС ја изведуваат наставници по клиничка настава. Повеќето од нив се главни извршни директори, додека другите се еминентни експерти во соодветната област. Дел од наставниците по клиничка настава на ФДЕИОН се:
- Доц. д-р Глигор Бишев (Главен извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје);
- Проф. д-р Драгољуб Арсовски (Главен извршен директор на ТТК Банка АД Скопје);
- Вон. Проф. д-р Игор Величковски (Директор на секторот за платни системи во НБРМ);
- Вон. проф. д-р Евица Делова Јолевска (Директор на дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање во НБРМ).
Она што нè прави различни од останатите универзитети во регионот е тоа што ФДЕИОН при УАКС овозможува меѓународно образование по достапна цена на школарина.
Дел од меѓународните визитинг професори на УАКС се:
- Проф. Витторио Де Педис од Европската школа за бизнис, Торино, Италија
- Проф. Џереми Крипс од Универзитетот Хајделберг, Охајо, САД
Нашите наставници се врвни научници и истражувачи: индексот трудови/ професор на престижниот индекс Web of Science – Journal Citation Reports за ФДЕИОН изнесува 0.36, што претставува исклучително висок индикатор.
Соодносот студент/наставник на ФДЕИОН изнесува 18:1 – сооднос кој овозможува индивидуална работа со студентите.
Не треба да научиме само „ШТО“.Треба да научиме и „КАКО“!
Покрај учење теорија и факти, нашата цел е да го примениме стекнатото знаење и практични вештини. Покрај предавањата, применуваме најсовремени наставни алатки, како што се:
- Студии на случај;
- Толкување улоги;
- Решавање на практични проблеми;
- Индивидуални и тимски проекти во реални компании (истражување на пазарот,изготвување на маркетинг план, финансиска анализа, мерење на задоволството на вработените од работното место и др.)
- Симулации од Харвард бизнис-школата и Македонската берза.
КАДЕ СЕ ВРАБОТЕНИ НЕКОИ ОД СТУДЕНТИТЕ КОИ ГИ ЗАВРШИЛЕ СВОИТЕ СТУДИИ НА ФДЕИОН?
- ТТК Банка а.д. Скопје,
- Стопанска банка а.д. Скопје,
- Триглав Осигурување а.д. Скопје,
- Капитал МедиаГруп,
- Институт за професионален развој – Леорон,
- Влада на Република Македонија, Град Скопје и други.
AКАДЕМСКА ПРОГРАМА
Финансии
I Година
Задолжителни предмети
- Вовед во менаџмент
- Вовед во микроекономија
- Бизнис математика
- Основи на сметководство
- Вовед во маркетинг
- Академско пишување 1
- Практична настава
Изборни предмети во програмата – студентите можат да изберат два предмети од следните
Изборни предмети на ниво на универзитет – студентите можат да изберат два предмети од следните:
II Година
Задолжителни предмети
- Статистик за бизнис
- Вовед во макроекономија
- Вовед во организациско однесување
- Деловна комуникација
- Јавни финансии
- Финансиско сметководство
- Практична настава
Изборни предмети во насока Менаџмент студентите можат да изберат 3 предмети од следните:
- Бизнис етика
- Економија на Европска Унија
- Вовед во менаџмент на човечки ресурси
- Меѓунроден менаџмент и глобализација
Изборни предмети во насока Менаџмент студентите можат да изберат предмет од следните:
III Година
Задолжителни предмети
- Деловно планирање
- Корпоративни финансии
- Менаџмент на финансиски институции
- Банкарство
- Финансиски пазари и институции
- Облигационо право
- Практична настава и проект
Изборни предмети во насока Менаџмент студентите можат да изберат 2 предмети од следните:
- Претприемништво
- Монетарна економија
- Меѓународни пари и финансии