Церемонија 2017 година
На 25-ти септември 2017 година, Универзитет Американ Колеџ Скопје ја одржа својата традиционална церемонија за одбележување за почеток на новата 2017/2018 академска година. Церемонијата се одржа во присуство на сите ново-запишани студенти на УАКС, нивните родители и пријатели, академскиот и административниот кадар на универзитетот, како и претставници на деловната заедница. Новите студенти беа поздравени со говор од страна на г-дин Бенџамин Лингеман – Заменик офицер за односи со јавноста во Амбасадата на САД во РМ, како и г-а Силвиа Табуани – менаџер на програмата за Деловна Администрација и Економија на Универзитетот во Рим Тор Вергата.
Церемонија 2016 година
На 14-ти септември 2016 година, Универзитет Американ Колеџ Скопје ја одржа својата традиционална церемонија за одбележување за почеток на новата 2016/2017 академска година. Церемонијата се одржа во присуство на сите ново-запишани студенти на УАКС, нивните родители и пријатели, академскиот и административниот кадар на универзитетот, како и претставници на деловната заедница. Новите студенти беа поздравени со говор од страна на г-дин Шалом Константино – Координатор за образование и младински програми во Амбасадата на САД во РМ, како и г-дин Димитар Ковачевски – директор за маркетинг и продажба во Македонски Телеком.
Церемонија 2015 година
На 16-ти септември 2015 година, Универзитет Американ Колеџ Скопје ја одржа својата традиционална церемонија за одбележување за почеток на новата 2015/2016 академска година. Церемонијата се одржа во присуство на сите ново запишани студенти на УАКС , родители и пријатели на учениците, менаџмент консултанти на Амбасадата на САД во Македонија , министерот за надворешни работи г-дин Џери Наумоф и целиот академски и административен тим на УАКС .
Церемонија 2014 година
На 17-ти септември 2014 година, во хотел Александар Палас во Скопје се одржа свеченост по повод почеток на новата академска 2014/2015 година . Сите идни студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Македонија, присуствуваа на свеченото отворање на УАКС.
Воведното обраќање го имаше Мишел Османли , извршниот директор на Американската стопанска комора во Р. Македонија.
Церемонија 2013 година
На 18-ти септември 2013 година, се одржа свеченост по повод почеток на новата академска година 2013/2014 година во хотел Александар Палас Скопје. Идните студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Македонија, присуствуваа на свеченото отворање на церемонијата на УАКС .
На отворањето својот говор го одржа г-ѓа А. Валери Колби , директорката за односи со јавноста во Американсаката амбасада во Скопје.
Церемонија 2012 година
На 19-ти септември 2012 година,во хотел Александар Палас во Скопје се одржа церемонија по повод почеток на новата 2012/2013 академска година. Идните студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Македонија, присуствуваа на свеченото отворање на церемонијата на УАКС.
Церемонија 2011 година
На 21 септември 2011 година , се одржа свеченост по повод започнување на новата академска 2011/2012 година во хотел Александар Палас во Скопје. Идните студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Р. Македонија, присуствуваа на свеченото отворање на церемонијата на УАКС .
Својот Говор на отворањето беше од страна на г-дин Стив Паскал, директор на Советот за акредитација за бизнис училишта и програми (ACBSP)
Церемонија 2010 година
Во просториите на хотел Александар Палас во Скопје се одржа церемонија по повод почеток на новата 2010/2011 академска година. Идните студенти , нивните родители и професори, претставници од бизнис заедницата и дипломатскиот кор во Р. Македонија , присуствуваа на церемонијата на УАКС.
Својот говор на отворањето на церемонијата за почеток на новата учебната 2010/2011 година го дадоа проф. д-р Томе Неновски, проректор на УАКС , г-динот Илијанчо Гаговски , претседател на УАКС бизнис советот, и д-р Венко Андоновски.
Церемонија 2009 година
Церемонијата по повод почеток на новата академска година е настан кој се воведува секоја учебна година. Оваа година церемонијата се одржа во хотел Холидеј Ин во Скопје. Сите ново запишани студенти дадоа заклетва пред проф. д-р Марјан Бојаџиев. Церемонијата по повод отворањето на академската 2009/2010 година ја започна Љупчо Зиков , директор и главен и одговорен уредник на Капитал Медиа Гроуп .
Церемонија 2008 година
На 2 октомври 2008 година во хотел Холидеј Ин во Скопје се одржа церемонијата по повод почеток на новата академска година. Емил Ѓоргов, главен академски советник им се обрати на сите гости и ја отвори свеченоста. Сите ново запишани студенти положија свечена заклетва пред проф. д-р Злат Миловановиќ.
Церемонија 2007 година
Церемонијата по повод свеченото отворање на академската 2007 година , е настан што се воведува секоја учебна година. Оваа година церемонијата се одржа во хотел Холидеј Ин , Скопје. Сите ново запишани студенти имаа чест да ја дадат својата заклетва пред Џилијан Миловановиќ, амбасадор на САД во Република Македонија.