Посета на професор на ФСЈ при УАКС преку Еразмус+

Во периодот од 18 до 22 септември 2017, Факултетот за странски јазици при УАКС беше домаќин на д-р Марлена Биелак од Универзитетот за применети науки „Станислав Стажиќ“ во Пила, Полска. Таа одржа предавање пред студентите од ФСЈ и сподели искуства со нив за начинот на кој тие предаваат Лингвистика на нивниот универзитет. Таа ги посети предавањата по предметите ‘Лингвистика’, ‘Синтакса’ и ‘Фонетика’, и дискутираше за интересот на студентите за лингвистика.

Еднонеделната посета беше остварена во рамки на соработката која Универзитет Американ Колеџ Скопје ја има склучено со Универзитетот за применети науки „Станислав Стажиќ“ во Пила, Полска, како дел од програмата Еразмус+.

Similar Posts