Час за учење и вежбање на англиски јазик на УАКС (English Hour at UACS)

Дали сакате да ги подобрите Вашите вештини по англиски јазик за да Ви помогнат во наставата?

Дали би сакале да ги збогатите Вашите студии со дополнително вежбање на англискиот јазик?

Или, навистина не Ви е потребна помош, но уживате во зборувањето англиски јазик, дружењето и помагањето на другите да го подобрат својот англиски јазик?

Тогаш, часот за учење и вежбање на англиски јазик на УАКС (‘English Hour at UACS’) е вистинското место за Вас!

Започнувајќи од 25 октомври, секоја среда во семестарот со почеток во 12 часот, Факултетот за странски јазици при УАКС ќе нуди едночасовна можност да поработите на Вашиот англиски јазик.

Нашиот асистент, Бетина Џоунс, роден говорител на англиски јазик, ќе го води неформалниот час преку дискусии на глобални теми, активности за вежби на пишување, дополнителни вежби со граматика и вокабулар, и многу повеќе!

Понесете ги Вашите задачи и материјали за учење, бидејќи ќе има доволно време за да Ви помогнеме со Вашата домашна работа!

Придружете ни’ се во среда, во просторија 3Ц, во периодот од 12-13 часот!

Часот е достапен за сите на УАКС.

Ве очекуваме!

Similar Posts