Aкредитирани ментори на докторски студии

 

Докторска програма по Економија

Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски

Професор по економија на трудот. Добитник на Награда за најдобар труд во макроекономијата од Народна банка на Република Македонија.

Области за менторирање:  пазар на труд; образование и човечки капитал; неформална економија и даночна евазија; странски директни инвестиции и економски раст

Проф. д-р Марјан Петрески

Професор по применета економија. Добитник на Награда за најдобар труд во макроекономијата од Австриската Централна Банка.

Области за менторирање:  економски раст, монетарни стратегии и режими на девизниот курс, проблеми на пазарот на труд, родов јаз во платите

Проф. д-р Томе Неновски

Професор по макроекономија. Добитник на државната награда „23 Октомври“ и поранешен вицегувернер на Народна банка на Република Македонија.

Области за менторирање: управување со ризици во банкарското работење; странски директни инвестиции; фискален федерализам; ефикасно и праведно оданочување

Проф. д-р Драгољуб Арсовски

Професор по банкарство. Генерален директор на ТТК Банка.

Области за менторирање: ризици во банкарството и осигурувањето, деловни финансии и анализа на финансиски извештаи; јавни финансии и ревизија

 

Вон. проф. д-р Евица Делова Јолевска

Професор по банкарство. Генерален директор на вонтеренска супервизија при Народна банка на Република Македонија.

Области за менторирање: банкарство; управување со банкарските ризици; корпоративно управување во банките

Вон. проф. д-р Анета Крстевска

Професор по макроекономија и банкарство. Главен економист на Народната банка на Република Македонија

Области за менторирање: монетарни стратегии; инструменти и трансмисија; банкарски ризици и перформанси; финасиски пазари; ЕУ интеграција

Вон. проф. д-р Богољуб Јанкоски

Професор по монетарно-финансиски прашања. Шеф на кабинетот на Гувернерот на Народната банка на Република Македонија

Области за менторирање: современи предизвици на централното банкарство

 

Докторска програма по Бизнис администрација

Проф. д-р Марјан И. Бојаџиев

Професор по организациско однесување. Поранешен директор на компании во финансискиот сектор и добитник на наградата „Професор на годината“зарегионот 8, доделена од Американскиот совет за деловни школи и програми (ACBSP).

Области за менторирање: Организациско однесување; Теории и мерење на организациска усогласеност; Лидерство и лидерски стилови

Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски

Професор по економија на трудот. Добитник на Награда за најдобар труд во макроекономијата од Народна банка на Република Македонија.

Области за менторирање: задоволство од работа; обрт и задржување работници; корпоративен раст, корупција и деловно окружување

Вон. проф. д-р Ана Томовска Мисоска

Професор по менаџмент и психологија

Области за менторирање:  менаџмент со човекови ресурси; образование и човечки капитал; психологија

 

Докторска програма по право

Вон. проф. д-р Зоран Михајлоски

Професор по трудово право. Уставен судија.

Области за менторирање: правно позиционирање на менаџментот; антидискриминаторското законодавство и сферата на работните односи; регулација на слободно движење на работниците

Вон. проф. д-р Марко Андонов

Професор по деловно право. Предавач на Академијата за судии и обвинители.

Области за менторирање: регулаторни предизвици на пазарот на капитал; преземање акционерски друштва; развојни тенденции на англо-американскиот и континенталниот систем на корпоративно управување