Categories
Во рамките на курсот се изучува управното, односно административното право, односно неговата материјална и процесно правната димензија. Притоа, се изучува структурата, поставеноста и принципите на организацијата, како и делокругот, односно надлежностите и функцијата на јавната администрација, а особено управните органи, како важен дел на јавната администрација. Предмет на изучувањето се и меѓусебните односи на управните органи, како и нивните односи со граѓаните и другите организации. Управните органи дејствуваат во прецизно регулирана постапка, поради што ќе се изучуваат и сите фази на управната постапка.Посебен акцент ќе биде ставен на практичнаобработка на конкретни случајеви и изготвување на практични управни акти и практични процесни управни дејствија.