Architectural Design / Архитектонско проектирање 1

Целта на предметот е запознавање на студентите со методологијата на проектирање како и изучување на основните поими,  начела и принципи на архитектонскиот простор и архитектонското проектирање.  Организација и обликување на просторот за одредена функција; изучување на архитектонските елементи (мебел и опрема), потребниот простор за нивно користење и дефинирање на одделни функции и простори во склоп на станбените објекти.