Architectural Design / Архитектонско проектирање 2

Целта на предметот е запознавање на студентите со основната методологија на проектирање преку изучување на процесот на проектирање со помош на методите на анализа, синтеза, верификација и инплементација а во согласност со проектантските принципи и стандарди. Се изучува и функционална организација на просторот во зависност од неговата намена и содржина. Исто така се изучуваат и влијанијата на надворешните фактори, основната законската регулатива како и вертикалните комуникации.