INSTRUCTORS:
Марија Начова Андонова
АсистентВон. проф. д-р Евица Делова Јолевска
ПрофесорCategories
Курсот претставува преглед на основните статистички техники применети во бизнисот и економијата. Тој ќе ги опфати елементите на дескриптивната статистика, теорија на веројатност, распоредите на случајните променливи, статистичкото оценување и тестирање на хипотези, корелациона и регресивната анализа, како и динамичката анализа преку индексните броеви и анализа на временските серии. Оформена како научна методологија за проучување и откривање на изгледот и закономерностите на масовните појави од областа на општествените и природните науки, денес е невозможно да се замислат постулатите на многу научни дисциплини без употребата на широкиот дијапазон на статистички техники кои ќе ги совладаат студентите со наставата од овој предмет.