Urban Equipment Design

Предметот има за цел да ги воведе студентите во процесот на проектирање на елементи од урбан дизајн за опремување на надворешните контактни простори во урбаното окружување на објектите. Се опфаќаат видови на опрема, материјали за изработка на истата и организациони принципи во склад со функционалните и естетските барања на корисниците. Предметот е насочен и кон стекнување со основни сознанија од индустрискиот дизајн од аспект на негово вклучување  во модерните текови на пазарното стопанство.