Categories
Научната дисциплина Историја на право во себе опфаќа две научно-истражувачки области:
- Историја на европското право и на некои вон-европски правни системи и
- Државно-правна историја на Македонија
Во рамките на првата научно – истражувачка област се изучуваат историјата на европското право и неколку не-европски правни системи, почнувајќи од зачетоците на правото, па се до модерните и развиени современи правни системи. Притоа, се изучуваат оние правни системи кои што оставиле најсилни траги во историјата и кои што одиграле најголемо влијание во оформувањето на современите правни системи.
Во рамките на втората научно – истражувачка област се изучува развојот на правото на територијата на Македонија почнувајќи од VII век се до 20-век, ставајќи акцент врз проучувањето на изворите на правото што се применувале на територијата на Македонија и врз најзначајните политичко- правни документи усвојувани и применувани во процесот на борба за создавање на македонска држава.