Менаџмент на финансиски институции

Categories

Предметот ги воведува студентите во улогата на главните банкарски и небанкарски финансиски институции (ФИ) во земјите со развиени финансиски пазари и посебно во Република Македонија, во управувањето со нивното работење и во конкурентско и регулаторно окружување во кое тие работат. Финансиските институции ги опфаќаат банките, пензиските и инвестициските фондови и осигурителните друштва. Централна тема е ризикот со кој се среќаваат менаџерите на финансиските институции и методите и пазарите на кои овие ризици се управувани и кои во поново време стануват значително слични кај сите ФИ. Сите ФИ имаат средства што се потенцијално предмет на губење или се изложени на кредитен ризик и немаат согласување на роковите во нивните биланси на состојба во поголем или помал степен и затоа се изложени на каматен ризик. Уште повеќе, сите се изложени на одреден степен на ликвидносен ризик зависно од видот на средствата во нивните биланси. Повеќето од нив се изложени на ризик од гарантирање, било преку продажба на хартии од вредност или со издавање различни видови кредитни гаранции од или надвор од билансот на состојба. Конечно сите се изложени на оперативен ризик затоа што давање финансиски услуги бара користење реални средства и подршка од бек офис систем.

Главен фокус е ставен на различните финански ризици со кои се среќаваат овие институции и на деталната анализа на клучните алатки и инструменти што се користат за да се управува со трите главни ризици: каматните стапки, кредитниот и ликвидносниот ризик.

Менаџмент на финансиски институции