Categories
Уставно право е наука која ја проучува основата на севкупното општествено, економско и политичко уредување на државата. Во рамките на оваа наука, се изучуваат основните правни норми, што ја уредуваат организацијата, структурата и поставеноста на државните институции. Уставните норми ја определуваат заштитата на темелните вредности на уставниот поредок,како и заштитата на уставното уредување и на основните слободи и права на човекот. Во рамките на предметот Уставно право, се изучува и поставеноста и хиерархијата на правните норми. Во рамките на наставата се проучува и анализира структурата на Уставот Република Македонија, какои компаративното проучување и уставите и уставните поредоци на други земји. Посебен акцент се дава на обработка на конкретни случајеви, од праксата на Уставниот суд на Република Македонија, како и на подготовки за поднесување на иницијативи до овој Суд.