Categories
Предметот е наменет за да им помогне на студентите да ја разберат улогата што финансиските институции и пазари ја играат во деловното окружување со кое ќе се сретнат во иднина. Им помага на студентите да разберат како светските финансиски институции управуваат со средствата и обврските и како иновативните инструменти го подржуваат ова управување. Студентите ќе бидат запознаeни со финансиската регулација, институционалната структура и аналитичките алати за да можат да ги разберат функциите на финансиските пазари и нивното значење за поединците, бизнисите и за економијата.
Финансиски пазари и институции