КОИ СМЕ НИЕ?

Со високоамбициозна и квалитетна програма, Катедрата за правни науки при Факултетот за политички науки има за цел да ги подготви студентите за градење успешна кариера во правната област. Посветени на негувањето високи правни, етички и општествени вредности, знаења и практики кај студентите, Катедрата за правни науки пласира врвни професионалци во струката, со што совесно и одговорно учествува во јавниот живот на земјата.

 

КОИ СЕ НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ?

Катедрата за правни науки создава правници што се способни да се соочат со предизвиците на современото живеење и кои, користејќи ги своите знаења и вештини од областа на правото и правосудството, можат да станат активен чинител во јавниот дискурс, во креирањето политики и во јавното живеење. Посветена на негување високи хуманистички вредности кај студентите, Катедрата за правни науки промовира едукација со силноизразени етички рамки, со цел совесно и одговорно делување во општеството.

 

КОЈ Е НАШИОТ КАДАР?

Академскиот кадар на Катедрата за правни науки овозможува балансирана комбинација на теориско и практично знаење, спроведено преку истакнати професори и искусни правници. Нашите предавачи имаат уникатна комбинација и на теоретско знаење, податоци и референци, но и на вистинско политичко-правно искуство.

 

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Правото е наука што бара исклучително добра теоретска основа, но она што е од посебно значење за студентите е можноста за апликација на знаењата. Затоа, на Катедрата за правни науки се посветува посебно внимание на практичната примена на правото, како дополнување на предавањата.

 

Студентите стекнуваат знаење преку:

  • Студии на случај
  • Толкување улоги
  • Симулација на судење

 

На ова се надоврзуваат и големиот број истражувања, анализи, проекти, есеи и презентации што студентите ги изработуваат самостојно и во соработка со професорите. Благодарение на ваквиот комбиниран пристап, студентите се подготвуваат за писмена и усна елаборација на различни тематски проблеми и се оспособуваат за реалниот живот и современите услови на правно работење.

Наставата на Катедрата за правни науки е конципирана да се одвива во мали групи со цел да му овозможи на секој студент еднакво и значително внимание. На тој начин, секој студент може да се вклучи во дискусија и во целокупниот наставен процес.

Соодносот студент наставник на Катедрата за правни науки е 12:1, што овозможува индивидуална работа со студентите и оптимални услови за стекнување знаење.

 

ПРОГРАМА ПО МЕЃУНАРОДНО ДЕЛОВНО ПРАВО

Oваа студиска програма има за цел на студентите да им понуди професионално усовршување во полето на меѓународното деловно право, кое во правно-економскиот промет има широка примена. Своите знаења дипломираните студенти ќе можат да ги применат во соочувањето со современите предизвици, во различни ситуации и средини во организации во различни сектори како бизнис, јавни претпријатија и во невладиниот сектор.

Кадрите ќе можат да се вклучат професионално и компетентно да даваат квалитетна правна помош не само во однос на деловното право, туку и во повеќе области од правото и да прераснат во професионалци со висок дигнитет.

Програмата по меѓународно деловно право одговара на барањето за поголема компатибилност со европските и другите светски центри и универзитети на кои се изучуваат овој вид програми. Структурата на програмата овозможува стекнување на општи и теоретски сознанија, како и стекнување на поспецифични и апликативни сознанија преку понуда на задолжителни и изборни предмети, врз основа на осознаени практики и знаења.

 

ДЕЛОВЕН СОВЕТ НА УАКС

Соработката со Деловниот совет на УАКС е клучен фактор за развојот на високопрофесионален кадар за реалните животни услови. Деловниот совет на УАКС е составен од над 150 водечки институции, компании и организации од различни професионални сфери, меѓу другото и Нотарската комора на РСМ, Адвокатската комора на РСМ, Здружението на правници на РСМ, Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ, како и бројни адвокатски и нотарски канцеларии. Имајќи за цел усогласување на наставната програма на современите процеси и политики, Деловниот совет на УАКС е дополнителна можност за развој на кариерата на студентите од Катедрата за правни науки.

 

ОДГОВОРНОСТ КОН ЗАЕДНИЦАТА

Програмата е еднакво посветена и на негување социјална одговорност кај студентите, едуцирајќи ги да ја почитуваат заедницата во која живеат и да се однесуваат како одговорни членови на општеството. Имајќи го ова предвид, УАКС редовно организира разновидни социјално одговорни настани и проекти во кои студентите земаат активно учество.

 

ОЧЕКУВАНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ ПО ДИПЛОМИРАЊЕ

  • Осознавање на начинот на работа на правниот систем во РСМ и изворите на правото
  • Развивање вештини за анализа на правниот систем и науката за правото
  • Идентификување на карактеристиките на македонскиот правен систем и компаративна анализа со другите правни системи во светот
  • Совладување на правниот аспект на корпоративното работење, берзанското работење, инвестициските фондови и пазарната конкуренција
  • Познавање деловни зделки и основни познавања од економија
  • Познавање на правните аспекти на меѓународната продажба на стоки и услуги, електронската трговија, финансирањето, осигурувањето и решавањето спорови
  • Совладување како законската регулатива влијае на деловните зделки помеѓу друштвата со седиште во различни држави
  • Продлабочено познавање на државните правни системи, нивното формирање и нивниот начин на работа
  • Совладување вештини за јавно говорење за правни ставови, вклучително и изнесување аргументи во однос на прашања од областа на деловното право, финансовото право, банкарството и други сродни области
  • Висок степен на оспособенoст за презентирање факти на правен случај, образложување на сопствената одлука по конкретен случај и учество во дискусии по сите правни прашања генерирани во контекст на презентираниот случај
  • Знаење на карактеристиките на видовите трговски друштва и високо познавање во областа на правните аспекти на банкарското работење и хартиите од вредност

 

МОЖНОСТИ ЗА ГРАДЕЊЕ КАРИЕРА

По завршувањето на програмата Меѓународно деловно право на Катедрата за правни науки, студентите имаат можност да почнат да градат професионална кариера во бизнис-секторот, правосудство, политика, усогласеност на работење со прописите, меѓународни односи, односно:

  • Институции на правосудниот систем на РСМ: судови, јавни обвинителства, адвокатски канцеларии, нотарски канцеларии, канцеларии на извршители
  • Правни сектори на трговски друштва
  • Институции на државна управа
  • Институции на локална самоуправа

 

СТРУЧНО И НАУЧНО ЗВАЊЕ ПО ДИПЛОМИРАЊЕ

По дипломирањето на Катедрата за правни науки, согласно решенијата за акредитација на студиската програма, студентите се стекнуваат со звањето:

  • Правник во насоката Меѓународно деловно право (180 ЕКТС)

 

НАШИТЕ ПРОФЕСОРИ

  1. Проф. д-р Марко Андонов – едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ, гостински предавач на Универзитетот во Падова – Италија, почесен конзул на Грузија во РСМ
  2. Проф. д-р Кимо Чавдар – член на Комисијата за изработка на граѓанскиот законик, член на Комисијата за помилување на Претседателот на РСМ
  3. Вон. проф. д-р Зоран Михајлоски – долгогодишен судија во Апелациониот суд – Скопје, постојан едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители на РСМ
  4. Вон. проф. д-р Љупчо Петкуќески – долгогодишен државен советник при Владата на РСМ, експерт од сферата на управното право и управната постапка
  5. Доц. д-р Ирена Бојаџиевска – консултант на домашни и европски проекти за усогласување на домашното законодавство со законодавството на ЕУ
  6. Проф. д-р Зоран Шапуриќ – поранешен пратеник во Собранието на РМ и поранешен министер за животна средина и просторно планирање
  7. Вон. проф. д-р Марина Андева – алумна на Универзитетот во Трст, Италија, научен соработник во Институтот за меѓународна социологија во Гориција, Италија
  8. Доц. д-р Огнен Вангелов – алумнус на Универзитетот Квинс, Канада
  9. Вон. проф. д-р Кате Трајкова – член на Македонското здружение на американски алумни
  10. Доц. д-р Иван Стефановски – алумнус на Scuola Normale Superiore, Италија
  11. Проф. д-р Иван Додовски – алумнус на Универзитетот Нотингем, Велика Британија, претседавач на ЕНТАН – Европската мрежа за нетериторијална автономија
  12. Доц. д-р Данчо Марковски – македонски амбасадор во Албанија и поранешен дипломат во амбасадите во Либија, Турција, Шведска, Кина, Хрватска

 

Прва година
Предмети ЕКТС
1 Вовед во право 6
2 Модерна Европа 6
3 Социологија 6
 

4

Светски јазик 1 ( еден од: италијански,

шпански, француски или германски)

 

6

5 Изборен предмет 6
6 Граѓанско и стварно право 6
7 Макроекономија 6
8 Англиски за посебни цели 8
9 Светски јазик 2 6
10 Македонски јазик 2
11 Практична настава 2
Вкупно ЕКТС 60

 

Изборни предмети, 1 од следните:
Историја на право 6
Римско право 6
Историја и култура на САД 6
Вовед во менаџмент 6
Вовед во политика 6
Микроекономија 6
Академско пишување 1 6
Компјутерски апликации 1 6
Компјутерски апликации 2 6
Вовед во книжевност 6
Британски студии 6
Говорна комуникација 6
Вовед во креативно пишување 6

 

Втора година
Предмети ЕКТС
1 Уставно право 6
2 Право на ЕУ, институции и управување 6
3 Методологја на научно истражување 6
4 Светски јазик 3 6
5 Изборен предмет 6
6 Меѓународно јавно право 6
7 Меѓународен бизнис 6
8 Уставно право, јавна политика и управување 6
9 Граѓанско процесно право 6
10 Светски јазик 4 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Изборни предмети, 1 од следните:
Литература, филм и политика 6
Облигационо право 6
Политичка култура 6
Вовед во менаџмент 6
Национализам и етнополитика 6
Еколошко право и одржлив развој 6
Регионална автономија и локална самоуправа 6
Политики и управување со прекугранична соработка 6
Глобално разбирање и меѓународна соработка 6
Споредбени политички системи 6
Политичка мисла 6
Критичка теорија 6

 

Трета година
Предмети ЕКТС
1 Кривично право 6
2 Трудово право 6
3 Европско компаниско право 6
4 Светски јазик 5 6
5 Изборен предмет 6
6 Кривично процесно право 6
7 Семејно наследно право 6
8 Деловен модул 1 – Претприемништво и е-бизнис 6
9 Деловен модул 2 – Деловно право и деловна етика 6
10 Дипломски труд 6
Вкупно ЕКТС 60

 

Изборни предмети, 1 од следните:
Миграции и бегалци 6
Мултикултуризам 6
Политичка култура 6
Управување со конфликти 6
Источна Азија во светска политика 6
Меѓународни човекови права 6
Меѓународно приватно право 6
Економска дипломатија 6
Светски јазик 6 6

 

Симни Брошура

 

*Универзитет Американ Колеџ Скопје го задржува правото да ја измени наставната програма.