Истражување за коронавирусот на Универзитет Американ Колеџ Скопје во соработка со Универзитетот Констанц, Германија

Истражување за коронавирусот на Универзитет Американ Колеџ Скопје во соработка со Универзитетот Констанц, Германија

Почитувани,

Универзитет Американ Колеџ Скопје во соработка со Универзитетот Констанц, Германија спроведува истражување за коронавирусот.

Учеството во оваа студија е доброволно. Заинтересирани сме да откриеме какви се Вашите чувства и однесувања во врска со коронавирусот и останатите болести. Во прашалникот терминот коронавирус се однесува само на  новиот КОВИД-19, а не на останатите вируси од групата на коронавируси.

Вашите одговори и податоци  се анонимни и доверливи и ќе се користат само за истражувачки цели. Можете да го прекинете истражувањето во кое било време и без никави последици. Пополнете го прашалникот доколку сте на возраст од 18 години или повеќе.

Во прилог е линкот до електронската верзија на прашалникот за коронавирусот: 

https://cutt.ly/euclid-macedonian 

Ви благодариме однапаред за Вашето учество и соработка.

Срдечно,

Истражувачки тим, Универзитет Американ Колеџ Скопје