Горјан Стојановски – алумни на УАКС и основач на OutletOn гостин предавач на УАКС

Еден од нашите најдобри студенти, а сегашен алумни, Горјан Стојановски, со задоволство се врати во нашите училници, со цел да го сподели своето претприемачко искуство со сегашните студенти. Студенти кои следат неколку различни предмети беа споени за ова специјално предавање, за да можат од прва рака да слушнат како е да си претприемач, кои се предизвиците и бенефитите на мулти-функционални тимови, како да го пораснете својот бизнис, а воедно и како да се проширите на странски пазари.

Горјан е еден од основачите на ОutletOn, онлајн продавница која што постои во Македонија повеќе од 4 години, но исто така има меѓународно присуство во соседните земји, како што се Србија и Бугарија. Компанијата има амбиција да стане Балканскиот Амазон, една цел која што изгледа може да биде достигната со оглед на тоа дека тие се пробиваат на странските пазари со рекордна брзина.

Ние сме исклучително горди на нашиот алумни, и навистина сме среќни што не посети за да ги сподели неговите искуства и одржи предавање на тековните студенти.

Повеќе информации за Горјан Стојановски и за неговата компанија OutletOn, можете да прочитате на следниот линк.

Similar Posts