Гостин предавач на тема: „Мотивација и психолошки нарушувања“

На 14 декември 2016 година, студентите на Факултетот за политички науки и студентите по психологија, кои следат настава по предметот Емоција и мотивација со истакнатиот експерт од практика, Димитринка Јорданова-Пешевска, следеа презентација на тема: „Мотивација и психолошки нарушувања“.

 

Презентацијата ја одржа гостин предавачот, проф. д-р Изабел Филов, психијатар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Студентите имаа можност да учествуваат во дискусија и да стекнат нови знаења за специфичните видови на анксиозни нарушувања и нивната поврзаност со мотивацијата.

Similar Posts