Дебата за Европа

Од 7 до 9 јуни 2018 година, во Скопје се одржа една од серијата „Дебати за Европа“, организирани од Германската академија за јазик и литература, Фондацијата „С. Фишер“ и Фондацијата за култура „Алијанс“ во различни градови низ цела Европа, почнувајќи од 2012 година. Партнер од Македонија е Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социокултурен активизам и современи уметнички практики, со поддршка на мрежата „Традуки“. Д-р Иван Додовски, професор по критичка теорија и литература на УАКС, беше еден од главните панелисти на тема „Мултикултурализмот како шанса?“. На настанот учествуваа дваесетина научници, писатели и уметници од Македонија и од други европски земји. Повеќе детали на: https://okno.mk/node/71885

Similar Posts