Повик за Клуб на писатели на УАКС

КЛУБ НА ПИСАТЕЛИ НА УАКС

Дали сте заинтересирани за креативно пишување?
Дали би сакале да ги споделите вашите поеми или кратки приказни со други писатели?
Дали би сакале да слушнете што тие имаат да кажат за вашата работа?
Дали сакате да ја прочитате работата на другите писатели и да им дадете ваша повратна информација?

Приклучете се на Клубот на писатели на УАКС!

Секоја среда во 13 часот
Просторија 3Б

Клубот за писатели на УАКС е отворен за сите љубители на литературата.

Клубот е инициран од д-р Иван Додовски, професор по литература и критичка теорија на УАКС,
со цел да се поттикне креативното пишување во сите жанрови и стилови, и да промовира вмрежување и споделување меѓу писателите.

Клубот организира редовни состаноци и работилници за пишување, нудејќи охрабрување,
професионална поддршка, конструктивна критика, менторство и лидерство, особено за новите писатели.

За дополнителни информации:
dodovski@uacs.edu.mk

Отворениот повик за Клубот на писатели на УАКС е достапен на следниот линк.

Similar Posts