Студентите на ФДЕИОН во посета на Народната банка на Република Македонија

На 03.05.2017 година (среда), студентите на Факултетот за деловна економија и организациони науки при УАКС, кои посетуваат настава по предметот “Монетарна економија“, со предметниот наставник, проф. д-р Томе Неновски, ја посетија Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Во рамки на посетата, тие слушаа предавања за поставеноста и начинот на спроведување на монетарната политика на НБРМ, начинот на управување со државните девизни резерви и ивршувањето и контролата на платните системи.

Студентите ги посетија и Трезорот на НБРМ, ковачницата на метални пари и музејот на НБРМ. На тој начин, студентите подобро се запознаа со оперативните аспекти на монетарната политика во РМ и добија практична претстава за функционирањето на НБРМ.

 

 

Similar Posts