Неда Малеска-Сачмароска, извршен директор на Центар за управување со промени како гостин предавач на УАКС

На 4 декември 2017 година, студентите од политички науки при УАКС, кои го слушаат предметот административно право и јавна администрација, приуствуваа на предавањето на тема „Реформи во јавна администрација”. Предавањето го одржа Неда Малеска-Сачмароска, извршен директор на Центарот за управување со промени, тинк-тенк организација што работи во областа на админстративните реформи. Неда Малеска-Сачмароска има 19-годишно професионално искуство во организациски и институционален развој и во јавната администрација и во граѓанското општество. Студентите имаа можност да се запознаат со експерт од практиката и да стекнат продлабочени знаења за светските практики во управувањето со јавната администрација, како и со реформите на јавната администрација преземени во Р. Македонија.   

Similar Posts