Средба на ректорот на УАКС и амбасадорот на Р. Македонија во Италија

На 29 ноември 2017 година, во амбасадата на Република Македонија во Италија, ректорот на УАКС, проф. д-р Марјан И. Бојаџиев оствари средба со амбасадорот на Република Македонија во Италија, Н.Е. г-дин Оливер Шамбевски. За време на средбата, тие разговараа за тековната соработка на УАКС со Универзитетот Тор Вергата од Рим, можностите за развој со овој универзитет, како и за потенцијалната соработка со Универзитетот од Падова.

Similar Posts