Гостин предавач од ИОРРМ на ФДЕИОН

На ден 31 октомври 2018 година, студентите од 2ра и 3та година на Факултетот за деловна економија и организациони науки имаа можност да го проследат предавањето на тема “Улогата на ИОРРМ и јавниот интерес како основа за значење на професијата”. Презентацијата ја одржа г-нот Душко Апостоловски, заменик претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и сопственик на Друштво за ревизија БЕНД РЕВИЗИЈА И КОНСАЛТИНГ ДОО Тетово. Презентација на веб страната и предностите од членството во Институтот ја одржа г-ѓата Татјана Тодоровска, Генерален секретар на ИОРРМ.

Предавањето се одржа во просториите на Универзитет Американ Колеџ Скопје во рамки на предметите „Корпоративни финансии“ и „Финансиско сметководство“ кои ги предава доц.проф. Душица Стевчевска-Србиноска.

 

Similar Posts