Награда „4 Ноември“ за проф. д-р Иван Додовски

Д-р Иван Додовски, вонреден професор по критичка теорија, литература и културологија на УАКС, е добитник на највисоката награда на Општина Битола „4 Ноември“ за значајни достигнувања во науката и културата во 2018 година. Наградата му се доделува за неговата студија „Мало фолио за театар“, во која се собрани неговите критики, студии, осврти и интервјуа за македонскиот театар. Со оваа книга проф. д-р Додовски одбележува мал јубилеј – 25 години театролошка работа. Општина Битола додели и две награди за годишни достигнувања во други области, како и награда за животно дело на Виолета Томовска, доајенка на македонската фолклорна музика. Повеќе информации: http://www.bitola.gov.mk/%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0-3/?lang=en

Similar Posts