Студенти на УАКС во посета на финансиски институции во РМ

На 6 декември 2017 година, студенти по деловна економија и организациони науки – студиска насока финансии, кои го слушаат предметот Финансиски пазари и институции кај виш научен соработник д-р Јадранка Мршиќ, го посетија Инвестброкер АД Скопје, каде што имаа можност да учат за активностите на брокерските куќи во Македонија.

На овој ден, тие исто така беа во посета на Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, која е најстарата и една од најголемите осигурителни компании, каде што имаа можност да учат за осигурителниот сектор во Република Македонија.

Similar Posts