Студентите од катедрата по психологија на УАКС во посета на канцеларијата на ГфК во Скопје

На 24 април (понеделник) 2017 година, студентите од катедрата по психологија на УАКС, кои следат настава по предметот Статистика за психолози со предметниот наставник, д-р Љупчо Ефремов, ја посетија канцеларијата на ГфК во Скопје.

Тие имаа можност да следат презентација за истражувања. Воедно, тие учествуваа во дискусија со вработените во канцеларијата во врска со практичната примена на статистиката.

ГфК Скопје е компанија за истражување на пазарот, информации и анализа на производи и услуги за потрошувачите во Македонија.

Similar Posts